ВИДЕО | Ќе умрев од страв! Познатиот британски готвач открил како готвел за Путин

Дека и најголемите професионалци имаат трема кога ќе почувствуваат голема одговорност, доказ е токму Ремзи, кој не крие дека бил преплашен и од најситната грешка при приготвувањето на јадењата.

Познатиот британски готвач и водител Гордон Ремзи во емисијата „Шоуто на Кели Кларксон“ раскажал како готвел за рускиот претседател Владимир Путин.

Ремзи изјавил дека многу се плашел да не направи грешки и да не ја расипе храната што ја подготвува.

– Бев поканет на Даунинг стрит за време на средбата меѓу Тони Блер и претседателот Путин. За малку ќе умрев од страв – рекол готвачот.

Ремзи изјавил дека повеќе од вообичаено се грижел за квалитетот на јадењата што ги подготвувал, и како што рекол, се вознемирил кога лично се сретнал со Путин и со Блер.

– Тоа беше неверојатно искуство. Се поздравив и застанав покрај нив, а тие ме прашаа за аспарагус – се присетил Ремзи.

Владимир Путин и тогашниот британски премиер Тони Блер се сретнаа за време на посетата на рускиот лидер на Лондон во 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот