ВИДЕО: Кирјос со порака за ривалите на Новак Ѓоковиќ пред „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Познатиот австралиски тенисер Ник Кирјос имаше исклучително интересни и корисни совети за противниците на Новак Ѓоковиќ на претстојниот грен слем турнир „Австралија опен“ (14 – 28 јануари 2024 година).

Поради сериозните проблеми со повредата што ја мачи веќе една година, Кирјос нема да го видиме овој месец на терените, но тој е во Мелбурн и будно ги следи случувањата пред почетокот на турнирот.

Во свој препознатлив стил ја прокоментира жрепката за овогодинешниот турнир и им даде интересен совет на сите кои ќе се соочат со првиот светски рекет Ѓоковиќ.

На новинарско прашање што можат тенисерите против српскиот тенисер, Кирјос им одговори:

Најдобро е да си резервирате лет за дома по најдобра цена – рече Австралиецот.

Дино Прижмиќ е првиот ривал на Ѓоковиќ на „Австралија опен“

Виландер пред Австралија опен: Ѓоковиќ нема да брза, затоа што е најдобар на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот