ВИДЕО | Кацарска: Не може само Владата да се занимава и да решава за македонско-бугарскиот спор

Симонида Кацарска од Институтот за европски политики
Симонида Кацарска, Институт за европски политики / Утрински брифинг

Во последните денови актуелен е францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Симонида Кацарска од Институтот за европски политики, кој вчера излезе со критичко мислење за предлогот.

Вчерашната дискусија беше за документ што го извадивме во март. Дискусијата беше закажана минатата недела пред да знаеме дека ќе има француски предлог. На дебатата беа поканети личности кои имаат различни мислења и ставови. Здраво е за општеството да се дебатира, но ставот на Институот изнесен во нашиот документ е дека прерани измени на Уставот не се добри. Според нас, подобро е колку што е можно подоцна да се направи отворање на Уставот, оти очигледно е дека официјалната политика го има прифатено барањето за внесување на Бугарите во Преамбулата, вели Кацарска.

ЕК нема експертиза за малцински прашања, со тие прашања се знимава Советот на Европа. Договорите на Унијата не се однесуваат на доменот на малцинските прашања, што не значи дека немаат експерти, појаснува Кацарска и додава дека сѐ додека Бугарија е клучен актер на масата ние ќе имаме проблем на ваа тема.

Според Кацарска, има простор за дејствување на Владата да изнесе кои се нашите црвени линии и што понатаму.

Проблемот со Украина сега е во преден план на Унијата и очигледно европската тројка понудила членство на Украина во Унијата, но тоа не значи дека нашиот маневарски простор е завршен, вели Кацарска.

За ставовите дека треба да се прекинат овие разговори и итно да се разговара во Собранието за овие предлози, Кацарска вели дека улогата на Собранието е да го прави тоа, а освен тоа во Собранието треба да биде обезбедено двотретинско мнозинство за воопшто да се отвори Уставот.

Не може само Владата да се занимава со овие прашања и само Владата да решава, вели Кацарска.

Таа вели дека има неколку начини за водење на преговорите, а дека невладините организации се лишени од информации од македонската страна туку информации се добиваат од бугарсата страна.

Преку нашата преговарачка рамка сакаме да се ограничи можноста на Бугарија постојано да ги менува позициите во иднина, вели Кацарска за Утрински брифинг и додава дека граѓанските организации сакаат да ги споделат со јавноста ризиците што можат да се појават.

Веќе е полујасно дека ЕУ ќе им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија, но има и земји од ЕУ кои не се расположени да се случи тоа без да му се даде истото и на Западен Балкан. Ние во следните пет години треба да очекуваме несигурност, вели Кацарска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот