ВИДЕО: Јувентус едвај го победи Сасуоло за пласман во полуфинале во Купот на Италија

Јувентус ќе игра во полуфиналето на Купот на Италија/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Италија откако многу потешко од очекувањата, со 2:1 го совлада Сасуоло.

И на овој натпревар, српскиот репрезентативец покажа дека ќе биде големо засилување и долготрајно решение во нападот, и на вториот меч во „црно-белиот“ дрес постигна гол.

Јувентус поведе уште во третата минута со голот на Пауло Дибала, но Сасуоло до крајот на првиот дел успеа да дојде до израмнување. Стрелец на голот за Сасуоло беше Траоре во 21 минута.

Човек на одлука беше Влаховиќ кој победничкиот гол го постигна во 88 минута. Српскиот репрезентативец доби топка на левата страна, влезе вошеснаесетникот и кога шутираше, топката удри во еден од дефанзивците на Сасуоло и го измами голманот Пеголо.

Противник на Јувентус во полуфиналето во Купот на Италија ќе биде екипата на Фиорентина која ја изненади Аталанта и ја совлада со 2:3.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот