ВИДЕО | Јовановски: На стопанството му требаат стабилни банки за да го финансира, годинава ќе ја видиме вистинската слика и на лошите пласмани

Порака до банките е дека треба да се насочат повеќе кон стопанството, да бидат поактивни чинители во економскиот живот. Во светски рамки сведоци сме дека Централните банки водат политика на ниски основни каматни стапки. Таа политика мислам дека ќе продолжи. И Европската централна банка и од Американските федерални резерви порачаа дека ќе се води таква политика. НБРМ мислам дека ги има сите овие елементи во предвид и се обидува со монетарната политика да пресретне некои дејствија, работи кои можеби треба да се очекуваат годинава во пресрет на завршување на економската криза, во обидот да се излезе со што помалку економски штети и фирмите да фатат чекор за наредниот период, изјави во Утрински брифинг Мирче Јовановски, новинар, економски аналитичар.

Треба да имаме предвид дека ваква одлука не донесе само НБРМ, туку и Централните банки во некои околни држави па и пошироко. Ова е еден вид претпазливост, бидејќи треба да имаме во вид дека минатата година со низа регулаторни мерки се одложи плаќањето на кредитите и кај фирмите и кај населението и мислам дека тие одложувања доаѓаат до крај. Годинава ќе ја видиме и вистинската слика и на лошите пласмани. Мислам дека минатата година не можеме да збориме за јасна слика во банкарскиот сектор. Факт е дека се огромни профитите, но јас би рекол дека стабилен финасиски ситем е многу важен кога ќе дојде периодот за излегување од кризата. На стопанството му требаат стабилни банки за да ги финансира, вели Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот