ВИДЕО: Јокиќ блиску до надминување на рекордот на Чембрлен

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ не престанува да одушевуа со игрите кои ги покажува. Тој наскоро би можел да ги испише нови страници во историјата на НБА лигата.

Имено, актуелниот МВП во дресот на Денвер забележа нов „трипл-дабл“ учинок во победата над Сакраменто (115:110), а сега е на само пет чекори од рекордот во тој параметар кога се центрите во прашање. Моментно рекордер е Вилт Чембрлен (78), но како игра Јокиќ (73) е само прашање на време кога Србинот ќе се најде на врвот на оваа листа.

Во дуелот со Кингси стигна до својот 16 „трипл-дабл“ сезонава и е еден најзаслужните за петтиот последователен триумф во најсилната лига на светот. Поефикасни во неговата екипа беа Гордон со 23 поени (девет скокови) и Морис со 21 кош, а на спротивната страна Фокс забележа 26 поени (10 асистенции), а Барнс 24 поени.

Јокиќ и оваа сезона има фантастична статистика во НБА, со просек од 26 поени по натпревар, има дури 13,8 скока и 7,9 асистенции по меч.

НБА лига, резултати –

Атланта – Торонто 127:100
Чикаго – Мемфис 110:116
Кливленд – Вашингтон 92:86
Мајами – Сан Антонио 133:129
Милвоки – Бруклин 123:126
Денвер – Сакраменто 115:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот