ВИДЕО | Јелена Карлеуша искрено за бракот: Животот на Душко нема смисла без мене

Јелена Карлеуша и Дарко Тошиќ
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ / Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Први ред“ („Прв ред“) на телевизијата К1, каде што зборуваше за својата музичка кариера, за новите проекти, но и за приватниот живот.

Меѓу другото, таа сподели дека објавата за разводот била само „казна“ за нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ.

„Душко Тошиќ ме изнервира, па морав да го казнам со една објава, но не се разведовме. Ние се немаме разведено со документација и сѐ уште живееме во иста куќа. Тоа е специфичен однос, не знам како да се изразам, а да не ми се јави неговиот адвокат. Тажно е што воопшто го спомнувам неговиот адвокат, но сега ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка на оваа тема. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина“, изјави Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Тој не постои без мене. Ние сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат, тоа е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа, пред сѐ, поради машкото непочитување кон жените, што, за жал, е една голема вистина“, продолжи пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Жените во Србија се, генерално, тажни бидејќи мажите ни се лоши. Мажите многу девалвираа, не ги почитуваат и не ги сакаат жените како што треба. Што значи вреѓањето на една жена, каква и да е? Јас многу лесно ставив точка на мојот прв брак. Моментално, односите во домот ни се нарушени и јас го чекам моментот кога Душко ќе сфати дека јас сум божица на универзумот и дека сум неговата единствена и вистинска љубов“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Сметам дека пропаста на семејството се заснова на ерозијата на машкоста во нашето општество. Јас им ја објаснив ситуацијата на моите ќерки со овие зборови. Децата ги воспитувам онака како што треба секоја ќерка да се воспита. Мајката е најдоминантната и најважната фигура во животот на секоја ќерка и секо дете треба така да се воспита. Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините поради која мојот брак со Душко сѐ уште трае. Јас не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители“, додаде Карлеуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Зборувајќи за ќерките, пејачката рече дека поминале низ многу тешки работи кои немаат врска со потенцијален развод.

„Јас сум многу специфична личност овде на Балканот затоа што сум жена кон која не важат правилата на кавалерското однесување. Јас сум жена чии голи слики ги красеа насловните страници, без никакво право да го одбранам својот углед, чест и достоинство, спротивно на новинарската етика. За мене не постоеја човекови права кога доживеав сексуална злоупотреба на сите страни. Моите ќерки беа сведоци на ‘силување на една жена’, а таа жена, за жал, беше нивната мајка. Морав да им објаснам што претставува животот на еден суров начин и да им објаснам што е нивната мајка во нашето тажно општество. Морав да им кажам дека ниту една друга жена нема да го доживее тоа, туку само нивната мајка, бидејќи нивната мајка е посебна. Нивната мајка може да се справи со сѐ, да издржи сѐ и да излезе како победник во секоја ситуација.

Користејќи го мојот пример, јас им покажав дека мораат да бидат силни. За жал, моите деца немаа друг избор и не можев да ги заштитам. Кога ќе се случи такво нешто, тогаш сфаќаш дека моите деца не се ниту наивни, ниту слаби. Всушност, тие се многу мудри, многу силни и ја разбираат ситуацијата.

Ќе остане запишано во историјата дека сите мои непријатели и сите оние кои ме повредија, на крајот ќе платат за тоа на еден или друг начин. Многу ме боли што никој никогаш не ме одбрани. Јавноста сведочеше линчување на една жена и не направи ништо. Има еден неверојатен српски спорт, а тоа е навредување на Јелена Карлеуша. Тоа стана нормално затоа што јас сум некој кој секогаш излегува како победник.

Животот не е фер и затоа и јас не сум фер во многу ситуации“, објасни пејачката.

ВИДЕО | Новогодишна бајка: Ѕирнете во украсениот дом на Јелена Карлеуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот