ВИДЕО | Јанис блесна со дабл-дабл и 54 поени, Јокиќ до нов трипл-дабл

Јанис Адетокунбо („Милвоки бакс“)/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Кошаркарите на Денвер славеа победа над Голден Стејт со 134:117 и така го потврдија првото место на Западната конференција. Домаќините до победата стигнаа со подобрата игра во второто полувреме.

„Воините“ беа подобар тим на стартот од натпреварот и често пати во првиот дел имаа предност, сепак пред паузата Нагетси направија пресврт и минимално поведоа со 70:69. Во второто полувреме прикажаа многу подобра игра. Џамал Мареј постигна 33 поени, а Стеф Кари на спротивната страна „броеше“ до 28.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше еден од најдобрите на паркетот со трипл-дабл од 22 поени, 16 асистенци и 14 скока.

Победа славеше и Далас на Дончиќ, а одново предводник беше Словенецот кој постигна 31 поен.

Лејкерси во драматичен натпревар ја совладаа Индијана со 111:112. Ентони Дејвис кој се врати во тимот и одигра натпревар со дабл-дабл од 31 поен и 14 скокови, треба да се спомене и дека ја имаше клучната блокада во одбраната кога се решаваше победникот. Леброн го заврши натпреварот со 26 поени, седум скокови и седум асистенции.

Вечер за паметење имаше Јанис Антетокумпо кој постигна 54 поени и додаде 19 скокови во натпревар во кој Милвоки се врати од „минус 21“ и славеше победа со 106:105 против ЛА Клиперс.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – ЛА Лејкерс 111-112, Кливленд – Мемфис 128-113, Њујорк – Мајами 106-104, Чикаго – Шарлот 114-98, Далас – Њу Орлеанс 111-106, Денвер – Голден Стејт 134-117, Милвоки – ЛА Клиперс 106-105.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот