ВИДЕО: Изненадување во Премиер лигата, Лидс го шокираше Ливерпул на „Енфилд“

Лидс слави голема победа во Премиер лигата/Ливерпул, Британија/29 октомври 2022/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерите на Лидс го совладаа Ливерпул со резултат 1:2 во последниот натпревар од саботната програма во 14 коло на Премиер лигата.

Уште во четвртата минута Лидс поведе со голот на Родриго, а израмнија „црвените“ во 14 минута преку Салах.

Голема радост во самиот финиш од средбара на „Енфилд“ за гостите донесе Самервил по асистенцијата на Бамфорд.

Најважната победа за Лидс го означи крајот на серијата од четири последователни порази и осум натпревари без триумф. Дополнително, им донесе бегство од зоната за испаѓање пред мечот со Бурнмаут во следното коло.

Играчите на Џеси Марш заостануваат само четири бода зад деветтопласираниот Ливерпул, кој следниот викенд игра против Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот