ВИДЕО: Избркани учениците од Трстеник што малтретираа професорка

(фото: принтскрин)

Наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник, Србија, ги избркал учениците кои брутално се изживуваа врз професорката по англиски јазик Марија Стевановиќ.

Тие го снимиле чинот кога и го повлекуваат столчето на кое седела, и потоа го објавиле видеото на социјалните мрежи.

Активот на директори на основните и средните училишта во Трстеник најостро го осуди насилството и побара сторителите на инцидентот да бидат казнети, изразувајќи целосна поддршка за нападнатата професорка по англиски јазик Марија Стевановиќ и вработените во училиштето.

Инцидентот се случи пред една недела, и во него учествувале тројца ученици.

Професорката – жртва на немилиот настан во изјава за српските медиуми рече дека не била ни свесна за тоа што се случило на часот. Дури кога дошла дома и синот и го покажал видеото, сфатила што ѝ се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот