ВИДЕО Иво Ранѓеловиќ: Македонија е на апарати, а во живот ја одржуваат неколку странски амбасади

Иво Рангеловиќ - политиколог / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Војната во Украина претставува голема несреќа за човештвото, но даде одреден импулс врз придружувањето на нашиот регион во Европската Унија. Тоа доведе и до делумно симнување на ветото на Бугарија кон Македонија, смета политикологот Иво Ранѓеловиќ, кој беше гостин во студиото на „Утрински печат“.

– Не знам каков друг импулс треба да се даде, за да се забрза нашиот евроинтеграциски процес. Тоа симнување на ветото беше предизвикано од војната во Украина, но тоа не оди на наша сметка, туку беше резултат на притисокот врз Бугарија од страна на САД и од ЕУ. Без помошна меѓународната заедница тешко дека ние ќе успеевме да опстоиме – смета Ранѓеловиќ.

Тој смета дека технички е невозможно да се надеваме дека во 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ, бидејќи пред сè не постои одлука на Унијата за проширување.

– Македнија како производ на менталитетот има проблем со корупцијата. Македонија како држава го загрозува сопственото постоење со корупцијата која ја имаме. Ни не можеме самите да се избориме со корупцијата и се преформулираме во едно општество на апарати. Тие апарати во моментов се еминентни амбасади кои вбризгуваат средства кои ни овозможуваат да дишеме. За возврат добиваат одредени оптествено-политички компромиси кои ние сме спремни да ги направиме. Фактурите на овие концесии ќе бидат сè повисоки. Македонското општество ќе биде колатерала. Овој модел е неодржлив. Наместо да бидеме држава на апарати и државнички да се поставиме за да ги адресираме вистинските проблеми – додава Ранѓеловиќ.

За војната во Украина, Ранѓеловиќ смета дека тоа повеќе не е војна на руската и украинската војска, туку е всушност прокси-војна меѓу НАТО и Русија. Тој смета и дека Русија и САД не смеат да си дозволат да бидат поразени, па затоа се плаши дека Украина, но и ЕУ ќе бидат колатералните штети на идниот договор, кој секако дека ќе биде договорен во иднина.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот