ВИДЕО | Историска прва победа на шампионот Бањаја во првата спринт трка во Мото ГП

Aктуелниот шампион во МОТО ГП, Франческо Бањаја славеше на првата спринт трка во историјата на овој шампионат.
Бањаја на спринтот заврши пред Хорхе Мартин и Марк Маркез. Пред утрешната трка за Големата награда на Португалија, Бањаја до победата стигна со време од 19 минтуи и 52.862 секунди со што ги освои првите бодови (12) во новата сезона.
Девет бода на втората позиција освои Мартин, а Маркез како трет запиша седум бода.
Трката за големата награда на Португалија се вози утре со почеток од 15:00 часот и во неа од пол-позиција ќе стартува Маркез.
What an EPIC introduction to the #TissotSprint! 🔥@PeccoBagnaia starts life with the #1 as number 1! 🥇#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/eikP3mEDjW
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 25, 2023
ВИДЕО | Пол-позиција за Марк Маркез на трката во Португалија