ВИДЕО | Пол-позиција за Марк Маркез на трката во Португалија

Шпанскиот мотоциклист од „Хонда“, Марк Маркез во недела ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Португалија во првата трка од новата сезона.
Шесткратниот светски шампион од првата позиција ќе го започне и денешната спринт трка, прва во историјата на ова натпреварување. Иако станува збор за Маркез, сепак ова е по малку изненадувачки поради неговата битка со здравјето во претходните три години.
Маркез постави време од 1:37,226 и зад себе го остави бранителот на титулата, Франческо Бањау и Хорхе Мартина. Првата спринт трка започнува денес од 16:00 часот, додека трката за Големата награда на Португалија на програмата е утре од 15:00 часот.
POLE FOR @marcmarquez93! 🔥
INCREDIBLE! 😱#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/JtqOmqG0FF
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 25, 2023