ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Амбасадорот Мисајловски: Македонската дипломатија нема безбедносна култура

Ѓорѓи Мисајловски - амбасадор - Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Македонија како рамноправна членка во југословенската федерација по осамостојувањето започнува да создава сопствена дипломатија за нејзиното меѓународно претставување и промовирање. Од тогаш се поминати 30 години и некои погрешни политики и потези што можеле да се разберат во почетокот на создавањето дипломатска мрежа, денес не се дозволени, особено кога станува збор за држава членка на НАТО и која е кандидат за членство во ЕУ.

-Споредбата на дипломатијата меѓу СФРЈ и Северна Македонија е како да вршите споредба меѓу небо и земја, односно овие две држави не можат да се споредат. Во тогашната сојузна дипломатија ретко кој можеше да биде ангажиран од Републичките секретаријати за позиција амбасадор. Имаше лица што беа кадри од овие секретаријати и што се регрутираа за работа во дипломатија, а што не беа професионалци од Македонија, истакна амбасадорот Ѓорѓи Мисајловски во емисијата „Утрински печат“ и додава дека амбасадорите од Македонија беа кадри што не беа професионалци дипломати.

– Државите Словенија и Хрватска, благодарение на стекнатото искуство од југословенската дипломатија им беше голема предност и им помогна во меѓународното претставување на патот за стекнување независност и признавање. Пред да се распадне тогашната држава, дипломатските кадри од овие две републики во поголем број се вратија во своите држави и започнаа да работат за нивната нова држава. Македонските кадри за првпат се повлекоа во 1992 година што е многу подоцна од Референдумот во 1991 година со кој Македонија се изјасни да биде независна држава. Вкупниот кадровски потенцијал со кој располага Македонија во 90-тите години не е доволно квалитетен за да одговори на предизвиците на една дипломатија на самостојна држава. Нашето министерство за надворешно работи не само кадровски, туку и технички не беше подготвено за работата што требаше да ја врши – истакна амбасадорот Ѓорѓи Мисајловски.

Обуката и стекнувањето знаење во дипломатијата е клучна за да може еден дипломат да биде спремен, во вршењето на добиената надлежност и задача. Дел од знаењето што го добиваат дипломатите не е за јавност, туку претставува орудие со кое се справува во односите со другите дипломати.

-Кога станува збор за безбедноста култура на дипломатите лично имам посетувано обуки и постоеше служба за прибирање податоци за државите. Такво искуство никогаш не постоело во Македонија откако е независна држава. Лично го отворив прашањето за креирање политика спрема Бугарија во ситуација кога архивите се во Белград и нема одговор за тоа како да се подготвуваме. Ниедна наша амбасада не е безбедносно обезбедена. Во нашата дипломатија не постои обука или превентива од можна закана од припадници од друга држава која користи разузнавачки средства во контактите со дипломатскиот персонал. Затоа некои од македонските дипломати такви кави што се во изминатите децении се нарекуваат „дипломат за едно лето“, што подразбира дека не се доволно оспособени за задачата на која се прифатил во таа држава и за секоја друга ако воопшто му дадат втора можност. Тие немаат елементарни познавања за државата каде што се поставени и потоа кога ќе бидат вратени во министерството за надворешни работи како кадри се неупотребливи. Ова има основа во нашата перцепција дека е многу важно да се биде амбасадор во однос на министер за надворешни работи, а всушност министерот по функција е поважна личност. Не постои пракса во светот министер за надворешни по завршување на кариерата да биде амбасадор, бидејќи тој по функција раководи со работата на дипломатските претставништва, односно име е шеф на амбасадорите – истакна амбасадорот Мисајловски.

Целиот разговор со амбасадорот Ѓорѓи Мисајловски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот