ВИДЕО: Интер славеше во дербито, прв пораз за Елмас и Наполи во Серија А

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во рамките од 16 коло во најсилното италијанско првенство во дербито составот на Интер на домашен терен со 1:0 го совлада Наполи. Ова е прв пораз за играчите на Лучано Спалети сезонава во Серија А, остануваат на првото место на табелата со 41 бод, сега само пет повеќе од второпласираниот Милан кој претходно славеше против Салернитана.

Единствениот гол за миланските „нераѕури“ на стадионот „Џузепе Меаца“ го постигна Босанецот Един Џеко во 56 минута по асистенцијата на Димарко. За „наполитанците“ македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 76 минута како замена за Кварацхелија.

Удинезе веќе осум натпревари не знае за победа во првенството, овојпат ги разочара своите навивачи со реми против Емполи (1:1). Уште во третата минута поведе гостинот со голот на Балданци, а домаќините израмнија во 71 минута преку Перејра.

Иако од 79 минута клубот од Удине играше со фудбалер повеќе на теренот, поради вториот жолт картон на Акпа Акпро, тоа не го искористи и на крајот само стигна до реми. Нашиот напаѓач Илија Несторовски за Удинезе играше од 84 минута како замена за Бето, а во 94 минута заработи и жолт картон.

Удинезе е на осмото место со 25 бодови, додека Емполи е на 13 позиција со 18.

ВИДЕО: Не помага ни чудесниот Очоа, Милан ги освои бодовите во Салерно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот