ВИДЕО: Инцидент во Приштина, Курти го гаѓаа со цреши поради договорот со Србија

Фото: Фејсбук/принтскрин

Симпатизери на косовската опозициска Социјалдемократска партија (СДП) вечерва го гаѓаа со цреши косовскиот премиер Албин Курти на влезот во зградата на Владата, каде што тој дојде да го претстави државниот буџет за идната година.

На снимките се гледа како обезбедувањето го заштитува Курти од „дождот“, по што тој влегол во зградата преку спореден влез. Како што наведоа од СДП, причина за инцидентот е договорот кој премиерот го постигна со Србија околу регистарските таблички.

„Курти е заинтересиран вчерашната тема што поскоро да се заборави, бидејќи зад прифаќањето на некоја ситна тема, како што се табличките, се криеше едно големо прашање, прифаќањето на Заедницата на српски општини. Тие рокови требаше да ја потхранат сликата за отпорот кој не успеа. Премиерот го голташе секој нивен збор. Исто како во басната со црешите. Граѓаните на државата неселективно ја јадат штетата. Господине премиер, црешите се само за вас“, велат од СДП.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, вчеравечер објави дека е постигнат договор околу регистарските таблички во Косово, со што е избегната можноста за ескалација на непријателствата меѓу владата во Приштина и косовските Срби на северот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот