Видео I Хаос во Париз: Демонстранти против анти-ковид мерките се судрија со полицијата

Снимки со хаос низ улиците вечерва стигнуваат и од Париз. Група демонстранти излегоа на протест против новите ограничувања на француската влада во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

На Твитер кружат видео снимки за блиски средби меѓу нив и полицијата, блокади на улиците и фрлање со тврди предмети кон полициските службеници.

Но, набрзо следуваше реакција на полицијата која доби засилување и успеа да ги потисне демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот