ВИДЕО | Хорор во руско училиште: Во пукање убиени најмалку десетмина, деца преплашени се кријат под масите

Фото Твитер принтскрин

На социјалната мрежа Телеграм утрово се појавија неколку снимки од напад во училиште во рускиот град Ижевск, информација која подоцна ја потврдија и руските медиуми.

Според досегашните информации, бројот на жртви во нападот се искачил на 10, а повредени се и неколку деца. Меѓу жртвите е и обезбедувањето на училиштето, пренесуваат руските медиуми.

Како што пишуваат руските медиуми, напаѓачот се самоубил откако истрелал серија куршуми кон цивилите.

– Инспекторите на Рускиот истражен комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште. Се проверува неговото придржување до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија – соопштија властите.

Мажот кој го нападна училиштето во Ижевск носел два пиштола, може да се види на видеото кое го објави Истражниот комитет на Руската Федерација.

На снимката се гледаат најмалку два пиштоли. На нив со црвена боја е испишан зборот „омраза“.

Фото Принтскрин Интерфакс

Министерството за образование на Русија соопшти дека училиштето е евакуирано.

Во Ижевск, главниот град на Република Удмурт живеат околу 630.000 луѓе.

Се утврдуваат околностите и мотивите за нападот.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабока жал за смртта на луѓето во нападот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Трагични вести од Ижевск. Претседателот Путин длабоко жали за смртта на луѓето и децата во училиштето каде се случи терористичкиот напад“, изјави Песков за новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот