ВИДЕО: Холандските „лалиња“ среќно до бод, Еквадор директно решава против Сенегал

Еквадор беше блиску до комплетен победнички пресврт против Холандија/Доха, Катар/25 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Во натпреварот од второто коло во групата „А“ на Светското првенство во Катар репрезентациите на Холандија и Еквадор ги поделија бодовите.

Мечот е завршен со резултат 1:1, стрелец за холандските „лалиња“ беше Гакпо во шестата минута, а кај Еквадорците стрелаше Валенсија во 49 минута.

Еквадор во судиското надополнување од првиот дел постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Јужноамериканскиот претставник имаше шанса да направи комплетен пресврт на овој дуел, но Гонзало Плата во 58 минута ја погоди пречката.

Двете селекции сега имаат по четири бодови, а по денешната победа на Сенегал над домаќинот Катар (1:3), сите три репрезентации се во игра за пласман во осминафиналето.

На 29 ноември е третото последно коло во групата, од 16.00 часот ќе играат Еквадор – Сенегал и Холандија – Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот