ВИДЕО: Сенегал рутински до триумф, историски гол на Катарците

Сенегалците со три важни бода на Мундијалот/Доха, Катар/25 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Ali Haider

Фудбалерите на Сенегал денеска во второто коло од групата „А“ на Светското првенство го совладаа домаќинот Катар со 3:1. Африканскиот претставник дојде до првата победа на Мундијалите, а Катарците одиграа многу подобро отколку на премиерата против Еквадор и го постигнаа својот прв гол во историјата на Мундијалите.

Спорен момент се случи во 32 минута кога најдобриот играч на домашниот тим Афиф беше соборен во противничкиот шеснаесетник, а судијата Лахоз не покажа на „белата точка“. Девет минути подоцна, Сенегал поведе. Голема грешка направи централниот дефанзивец на Катар Хухи, а тоа го искористи сенегалскиот напаѓач Булаје Диa.

По само три минути од вториот дел, Сенегал го зголеми водството. Одличниот центаршут од корнерот Јакобс беше претворен во гол со уште подобар удар со глава.

Во последниот половина час се запознавме со некој „нов“ Катар кој првата добра шанса ја пропушти напаѓачот Алмоез во 63 минута, но Менди одбрани. Голманот на Челси не можеше да направи ништо во 78 минута кога резервниот напаѓач на домашниот тим Мохамед Мунтари со добар центаршут од десната страна на Мохамед го постигна првиот, историски гол на Мундијалот за Катар.

Шест минути подоцна Сенегалците го решија прашањето за победникот со својот трет гол преку Бамбу Диенг, фудбалерот на Олимпик од Марсеј.

Од 17.00 часот ќе се игра вториот натпревар во „А“ групата, а се среќаваат селекциите на Еквадор и Холандија. Во последното трето коло на 29 ноември, Катар ќе игра против Холандија, а Сенегал против Еквадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот