ВИДЕО | Хит видео: Црногорскиот премиер во занес танцува на свадба

Фото: ЕПА/Принтскрин Твитер

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, стана вирален на социјалните мрежи поради видеото на кое се гледа како одлично се забавува.

Станува збор за снимка која ја изненади целата јавност во регионот, каде што може да се види како Абазовиќ во занес танцува на прославата.

 

Ова снимка настанала на свадбената прослава на Алекса Бечиќ, на која јасно се гледа како Абазовиќ среќно скока и ги шири рацете во правец на непозната девојка.

На видеото се гледа и Алекса Бечиќ, претседателот на Демократска Црна Гора, како ракоплеска и потскокнува.

Исто така, неодамна на социјалните мрежи кружеше видео од Дритан како се весели на свадба и ја игра „Шота“.

„Положивме голем демократски испит“, вели Абазовиќ за уривањето на Ѓукановиќ

Османи-Абазовиќ: Црна Гора е пријателска и партнерска земја на Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот