Османи-Абазовиќ: Црна Гора е пријателска и партнерска земја на Косово

Фото: Вјоса Османи, Фејсбук

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во саботата се сретна со цргногорскиот технички премиер, Дритан Абазовиќ, кој ја продолжи повеќедневната посета на Косово.

Односите меѓу двете земји беа оценети како одлични, а соговорниците изразија подготвеност за нивно продлабочување, соопштија од Кабинетот на косовската претседателка.

Османи го поздрави потпишаниот Договор за воздушен сообраќај меѓу Косово и Црна Гора.

Таа посочи дека Косово и Црна Гора имаат исти ставови за важноста на евроатлантските интеграции на земјите од регионот, како гаранција за мир и просперитет на Западен Балкан.

Османи рече дека Црна Гора е пријателска и партнерска земја на Косово, изразувајќи уверување дека уште повеќе ќе го поддржи Косово во напорите за зајакнување на меѓународниот субјективитет, вклучително и членството во меѓународните организации, за што ја доби поддршката на Абазовиќ.

На средбата се разговараше за последните случувања во земјата и регионот, како и за дијалогот на Косово со Србија.

Османи посочи дека Бриселскиот договор ги третира Косово и Србија како рамноправни страни во контекст на меѓудржавните односи, иако „Србија продолжува да го опструира спроведувањето на договорот“.

На средбата беше речено и дека албанската заедница во Црна Гора и црногорската заедница на Косово се моќен мост што ги поврзува двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот