ВИДЕО | Хаос во Шангај: Поради шестгодишно дете позитивно на ковид, купувачите останаа затворени во „Икеа“

Фото Твитер

Во една продавница на „Икеа“ во Шангај се случи целосен хаос откако купувачите почнале да бегаат од полицајците кои се обиделе да ги стават во карантин. Полицијата се обидела да ја затвори продавницата откако добила информации дека шестгодишно дете во неа било заразено со ковид.

На видеата се гледа како обезбедувањето во еден момент се обидува да ја затвори вратата, но толпата од другата страна насилно ја отвора и бега.

Оние кои биле во Икеа и околните области морале два дена да бидат изолирани, по што ќе бидат следени пет дена, изјави заменик директорот на здравствената комисија во Шангај, Жао Дандан.

Шангај неодамна се врати „во нормала“ по тешките заклучувања поради пандемијата, бидејќи како и цела Кина, така и овој град се води кон политиката на „нула-ковид“.

Шангај ги ослободи граѓаните по пеколниот локдаун

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот