ВИДЕО: Грчкиот „ѕвер“ Адетокумпо одигра меч за историја против Хјустон

Јанис Адетокумпо стана најдобар блокер во историјата на Милвоки бакс/Фото: EPA-EFE/MATT MARTON

Доцна синоќа во НБА лигата играчите на Милвоки беа предводени од Јанис Адетокумпо кој имаше уште една одлична партија, овојпат во гостинската победа над Хјустон со 123:114.

Актуелниот шампион Милвоки ја прекина серијата од седум победи по ред која ја имаа Рокетси, а овој дуел грчкиот интернационалец Адетокумпо постигна 41 поен, 17 скокови и пет асистенции.

Воедно се искачи на врвот по бројот на блокади, вкупно 805, во историјата на Бакси, престигнувајќи го досегашниот рекордер Алтон Листер кој има една блокада помалку.

– Ова е голем момент за мене и голем комплимент за мојата кариера. Но, морам да продолжам да бидам подобар. Одлично е да се постигне нешто вакво во кариерата, но морам да продолжам да им помагам на соиграчите да победуваме – рече Адетокумпо.

На спротивната страна за Хјустон прв стрелец беше Герисон Метјуз 23 поени, следен од Армони Брукс кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 21 поен.

НБА лига, резултати –

Шарлот – Сакраменто 124: 123
Индијана – Далас 106:93
Атланта – Бруклин 105: 113
Торонто – Њујорк 90:87
Хјустон – Милвоки 114:123
Минесота – Кливленд 106:123
Њу Орлеанс – Детроит 109: 93
Оклахома – ЛА Лејкерс 95: 116
Феникс – Бостон 111:90

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот