Фото: FS Crna Gora

ВИДЕО: Фудбалерите на Црна Гора го доживеаја најголемиот срам во својата историја

Фудбалерите на Црна Гора доживеаа најголеиот срам во својата фудбалска историја откако вечерва со 4-0 беа декласирани од Фарски Острови во квалификациите за Светското првенство.

За поранешниот напаѓач, Мирко Вучиниќ ова беше деби на клупата и сигурно долго ќе го памети, но не по добро.

Дебаклот на Црногорците беше најавен во 16-тата минута кога Соренсон го отвори резултатот, а во 36. минута Фредериксберг се погрижи за 2-0.

Не успеа Црна Гора да се врати ниту во вториот дел, па двајцата фудбалери постигнаа уште по еден гол за конечни 4-0. Исто така за Фарски Острови ова е најголемата победа во историјата.

Faroe Islands 4-0 Montenegro – Árni Frederiksberg penalty 72′ (+ call)
byu/atbg1936 insoccer

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот