ВИДЕО+ФОТО: Протести во Белорусија, истекува ултиматумот на Лукашенко

Полицијата во Минск денеска го блокираше пристапот до центарот на градот во обид да го запре протестниот марш, т.н. Популарен ултиматум, пренесува агенцијата ТАСС.

Полицијата распореди водени топови за да го блокира движењето на неколку илјади демонстранти кон Плоштадот на победата.

Денеска е последниот ден од ултиматумот што претседателскиот кандидат  Светлана Тихановскаја му го даде на претседателот Александар Лукашенко.

Барањата вклучуваат негова оставка од функцијата претседател, слобода за политичките затвореници и крај на насилството.

Опозицијата ги повика работниците од индустриските претпријатија од утре да започнат штрајк доколку не бидат исполнети овие барања.

Полицијата во западниот белоруски град Лида приведе десетици луѓе за време на протестот и фрли солзавец кон демонстрантите.

Демонстрациите низ целата земја почнаа по претседателските избори на 9 август, кога Лукашенко, кого опозицијата го обвинува за кражба на гласови, оствари победа со 80,10 проценти од гласовите. На второто место се најде Тихановскаја, која одби да ги признае резултатите, со 10,12 проценти од гласовите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот