ВИДЕО: Фатен на дело – крадец се „послужува“ од цвеќе засадено на јавна површина во Тетово

Фото: Општина Тетово / принтскрин

Општина Тетово денеска објави снимка на која се гледа како човек краде од цвеќињата засадени на јавна површина во градот. Општината ќе бара полицијата да реагира и да открие кој стои зад сѐ почестите кражби на цвеќињата на влезот во градот.

На снимката се гледа како човекот, несвесен дека некој го снима, си се „послужува“ со цвеќињата кои се дел од аранжман со кој е оформено името на градот, откако претходно со автомобилот специјално за тоа застанал на прометниот булевар.

„Изминативе денови се забележани неодговорни лица како оштетуваат јавен имот на улиците на градот Тетово. Конкретно, за време на викендот, на главната сообраќајница на излезот од градот кон Скопје, неодговорен граѓанин го украл цвеќето кое беше засадено во овој дел, расипувајќи ја глетката на влезот од градот. Општина Тетово апелира до сите граѓани да се грижат за јавниот имот и да го чуваат, бидејќи тој е на граѓаните“, велат од општината.

Градските власти предупредуваат дека сите кои ќе оштетат јавен имот Општина Тетово ќе ги пријави како предмет до Секторот за внатрешни работи и против нив ќе бидат преземени мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот