ВИДЕО | Фановите чекаа 13 години: Објавен е трејлерот за продолжението на „Аватар“

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Публиката уште во 2009 година влезе во светот на уживањето во 3Д кино благодарение на маестралниот филм на режисерот Џејмс Камерон – „Аватар“, најуспешниот филм на сите времиња, кој по тринаесет години се враќа во кино салите.

Објавен е трејлерот за долгоочекуваното продолжение кое наскоро ќе се појави во кината.

Еден маринец, параплегичар бил испратен на планетата Пандора во 2154 година во потрага по вредни руди. Меѓутоа, додека поминувал време на оваа планета, почнал да се бори помеѓу наредбите што морал да ги извршува и желбата да ги зачува овие неверојатни суштества.

Режисерот Џејмс Камерон (Титаник) темелно работеше на филмот за да ги помести границите со овој наслов, а продолжението на филмот „Avatar: The Way of Water“ (Аватар: The Way of Water) за народот Нави од планетата Пандора, ќе се прикажува во кината од 15 декември.

Планетарната популарност добија Сем Вортингтон и Зои Салдана во улогите на Џејк Сали и Нејтири, кои ќе ги репризираат во долгоочекуваното продолжение. Покрај нив, сите го паметат филмот и за брилијантните Сигурни Вивер, Кејт Винслет и Мишел Родригез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот