ВИДЕО | Елмас шестиот гол во сезоната со емотивен потег го посвети на Турција

Фото: Screenshot

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во вчерашниот натпревар на Наполи постигна гол со кој ја запечати победата клубот од Неапол против Кремонезе од 3:0.

Турција која во овие моменти ги брои илјадниците жртви од силниот земјотрес има големо значење за македонскиот „дијамант“ поради неговото потекло, но и токму првиот голем трансфер од Работнички го направи Фенербахче. По голот Елиф со рацете го прикажа турското знаме во знак на поддршка на настраданите.

За одличниот настап, Елмас доби поддршка и од тренерот Спалети.

„Многу пати досега кажав дека Елмас секогаш кога игра е импресивен. Кога е на теренот секогаш го дава максимумот и покажува дека заслужува да биде на теренот, некогаш жалам што не е стартер. Постојано дава голем придонес во победите и е среќен што може да помогне“, изјави Спалети по натпреварот.

За Елмас ова беше шести гол сезонава со што е трет најефикасен стрелец во Наполи зад Осимен (17) и Кварацхелија (9).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот