ВИДЕО: Елмас и Наполи се сериозни кандидати за Скудетото, „петарда“ во Верона

Наполи пукна „петарда“ во Верона/Фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Претпоследниот натпревар од стартното прво коло во италијанската Серија А го одиграа Верона и Наполи, а гостите победија со 5:2.

Играчите на тренерот Лучано Спалети ја истакнаа кандидатурата за освојување на Скудетото сезонава, иако се свесни дека ќе имаат бидат во пеколна трка со актуелниот шампион Милан, Интер, Јувентус, Рома, Лацио, Аталанта..

За „наполитанците“ од 68 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Кварацхелија.

Домаќините поведоа во 29 минута преку Ласања, а Грузиецот Кварацхелија израмни во 37 минута, а пред паузата за минимална позитива на Наполи се погрижи Осимен.

На стартот од вториот дел нов егал на мечот донесе Хенри, а потоа повторно фаворитот на овој меч стапи на сцена со нова серија на голови, односно отпорот на домашните играчи беше скршен по погодоците на Зиелински, Лоботка и Политано.

Во второто коло Наполи ќе гостува кај Монца, која минатата сезона избори пласман во Серија А, додека Верона ќе ги одмери силите со Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот