ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, има и повредени

атина
Експлозија во Атина / Фото: Твитер, скриншот

Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица и очевидци.

Едно лице се здобило со изгореници и било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај шефот на грчкиот национален центар за итни случаи, Јоргос Матиопулос, пренесува Ројтерс.

Според официјални претставници на противпожарната бригада, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата или пожарот.

– Имаме пожар, пред кој дојде до експлозија – изјави на лице место командирот на противпожарната единица. Сè уште не знаеме што ја предизвикало, а има поголема материјална штета и избувнал пожар – изјави службеникот на противпожарната бригада за ТВ Скај.

Видео на денот