ВИДЕО | Драматична слика од околината на Сараево: Надојдена река се заканува дека ќе проголта бензинска пумпа и мотел

Драматично во Сараево, се излеа реката Железница/ фото: You tube

Надојдената река Железница е вистински голем проблем на поширокото сараевско подрачје. Оваа река се излеа и во атарот на населбата Војковиќи во општината Источна Илиџа, пренесува Српскаинфо.

На тој простор има свлечиште по течението на реката што загрозува многу објекти кои се наоѓаат таму, пренесува Кликс.

Еден од загрозените објекти е бензинската пумпа и мотелот на компанијата САС Петрол кои се наоѓаат на патот од Сараево кон Фоча. Овој патен правец е затворен за сообраќај.

Како што може да се види на видеото, земјиштето се урива, што се заканува да ја уништи самата зграда.

Реката Железница направи големи проблеми во Илиџа, каде поплави бројни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот