ВИДЕО: Драма на Истра, полицијата спаси мигрантка од давење во река, нејзиното дете го однесе водата

Спасена жена од река во Истра, нејзиното дете го однесе речната струја/Фото: Скриншот

Доцна синоќа истраската полиција доби драматичен повик за спасување на дете, изгубено во месноста Драмац. На самото место констатирале дека се работи за странски државјанин, а потоа слушнале повици и тргнале кон реката Драгоња каде на паднато стебло забележале жена во многу лоша физичка состојба.

Поради силните речни струи и високиот водостој жената сама не можела да дојде до брегот па полицаец влегол во реката и ја држел жената додека со помош на скала, еден хрватски, еден словенечки полицаец и граѓанин успеале жената да ја извлечат на брегот, на сигурно.

Според полицијата на словенечката страна од реката се пронајдени уште едно дете и 18-годишник кои жената успеала да ги пренесе преку реката. Според податоците кои ги дала турската државјанка, со нив било уште едно дете, но силната речна струја го однела надолу додека таа се обидувала да го пренесе преку водата.

На жената која била настината и во шок, како и на детето и на 18-годишното момче од итната помош им е пружена лекарска помош на граничниот премин Плованија. Жената потоа е пренесена во пулската болница на натамошна медицинска обработка додека на децата и на тинејџерот надлежниот центар за социјална заштита им обезбедил соодветно сместување.

Хрватските и словенечките полицајци потрагата ја продолжиле и во текот на ноќта, по исчезнатото дете, но без успех. Потрагата продолжи и денеска, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот