ВИДЕО | Диневски: Ако победи ВМРО-ДПМНЕ Груевски ќе се врати, по цена и една ноќ да преспие во Шутка

Александар Диневски/ Фото: Слободен печат

По повод тригодишнината од бегството на Никола Груевски, екс разузнавачот Александар Диневски во студиото на Утрински брифинг зборува за тоа до каде е истрагата и како екс премиерот успеа да побегне од државата.

– Нема ништо ново после 3 години. Македонската јавност не ја знае вистината за неговото бегство. Тој случај покрена друга перспектива за владеењето на оваа владејачка гарнитура. СДСМ настапуваше под девизата „Нема правда, нема мир“. Правдата беше очекувана, расчистување на сите случаи што ги водеше поранешната власт, а исправување на неправдата кон политичките противници. Но случајот воведе сомничавост во целата власт на СДСМ. Се смени дискурсот на гледање, почна јавноста да ги согледува навидум ситните пропусти кои беа припишувани наводно на системот, меѓу кои и статусот на неутралност кон судските процеси. Не сакаше новата власт да се идентификува со претходната власт, која имаше нарачани пресуди, монтирани судски процеси. И тука испливаа тие навидум ситни работи на кои регираше јавноста, рече Диневски.

Диневски пред три години бегството на Груевски го нарече „конзуларна операција“ и објасни што значи тоа.

– Останува таа теза дека бегството не можел сам да реализира, туку со логистичка помош на странск фактор. Затоа се викаат „конзуларни операции“ дека се вклучени претставници од странски дипломатско-конзуларни претставништва. После 3 години сме на почетна позиција. Истрагата е отворена, иако не е јасно за кое кривично дело. Во момент кога Груевски бега против него не беше издадена потерница. И тука МВР има оправдување, но има друг аспект каде што МВР нема опрадување. Груевски во тој момент беше објект на заштита на МВР како поранешен премиер и требаше 22 години, според измените на Законот за МВР, да се обезбедува двојно повеќе отколку што беше премиер. ,, Наместо бегство можеше да се случи негова ликвидација, киднапирање, ранување, а МВР беше должно да го обезбедува и не го направи тоа, Освен физичко, МВР беше должно и за оперативното обезбедување, рече Диневски.

Запрашан дали требало некој да поднесес оставка за таквиот развој на настаните, Диневски е дециден:

– Вината е во два правци, тогашното СЈО и во МВР како надлежен за обезбедување на личности. Требаше да се направи анализа каде е пропустот, дали имало план за обезбедување, дали се спроведувал тој план. Доминантна е тезата дека Груевски соработувал со власта. Сепак Груевски заминал со нивно знаење. Не би ја прифатил таа теза, нема докази и аргументи за тоа. Но, во прилог на тоа зборуваат и настаните кои следуваа потоа, и постапката на Јавното обвинителство. При поднесување на актите во судот, во следните постапки воопшто не беше поставувано на прашањето за мерките обезбедување на осомничените лица. Груевски на почетокот имаше мерка одземање на патна исправа и обврска за јавување во судот, а потоа во наредните судски процеси тоа прашање воопшто не беше поставено тоа прашање. Кога против едно лице има повеќе постапки, кога против него се води друга постапка тоа не е олеснителна околност, а оценката за опасност од бегство е услов за одредување на притвор, потоа влијанието врз сведоци не е иста ако има еден или два случаи. После првиот, вториот случај мерката притвор беше задолжителна. Но СЈО не побара притвор, дециден е Диневски.

За тоа како побегнал Груевски од Македонија, Диневски ги спомена порано нагласуваните тези, со помош на албанските разузнавачи или преку Грција со приватен авион преку Поликастро.

– ЈО нема намера да го заврши тој процес. Можеби не можат да се обезбедат судски докази, но може да се провери тоа. Има цел вакуум во саботата и недела пред бегството.. Пасошот му беше одземен, немало потерница, не можел да го сопре некој, можел границите да ги помине со лична карта, вели Диневски.

Тој објаснува дека Груевски молчи за начинот на своето бегство, за да не ги искомпромитира своите помагачи, и сам да не се компромитира на директен или индиректен начин.

– Има лагоден статус таму и тешко да го наруши тоа. Сега има политички азил во Унгарија, вели Диневски, а во Унгарија нема демократска опозиција, тие што му се опоненти се порадикални од самиот Орбан. Целото општество унгарско е ксенофобично. Тие би го протерале дека е странец, не дека е Груевски. Од друга страна тоа е судска одлука, Судот има поголема самостојност и поголема традиција. Може да се врати ако сам побара, ако престане прогнот тука или пак ако почне со некакви активности спротивни на унгарската држава.

За реалноста Груевски да се врати во земјава, ако победи ВМРО-ДПМНЕ, Диневски вели:

– Апслолутно ќе се врати. Согласно својот карактер како личност, страшно е суетен и сите овие постапки ја повредија неговата суета. Кога би победило ВМРО уште истата вечер ќе се врати и по цена да ја преспие во Шутка и ќе излезе како маченик како жртва и апсолутно е релано неговото враќање бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се огради од тој негов систем на владеење, ниту ги острани тие негови најблиски кадри. Toj ja ужива поддршката во партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот