ВИДЕО | Девојче од Турција го преживеало земјотресот, па паднало во замрзнато езеро бркајќи плишано мече

Фото: Твитер

Осумгодишно девојче од Турција кое го преживеа катастрофалниот земјотрес, морало да биде повторно спасувано кога паднало во замрзнатата вода на езеро во градот Малатија, јавија светските медиуми

Турската полиција објави снимка од спасувањето на девојчето. Тоа завршило во езерото кога се обидело да го земе плишано мече што паднало во водата.

На видеото се гледа како полицаецот го извлекува девојчето од водата, додека членовите на неговото семејство нестрпливо чекаат на брегот. Девојчето подоцна добило ново плишано мече, како замена за играчката која можеше да го чини живот.

„Нашата нуркачка полиција спаси осумгодишно дете кое падна во замрзнато езерце додека се обидуваше да си ја земе играчката“, напиша турската полиција на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот