ВИДЕО: Детроит постави негативен рекорд во НБА лигата

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Детроит поставија негативен рекорд во НБА лигата по број на последователни порази во една сезона.

Пистонси загубија од екипата на Бруклин со резултат 112:118, што беше нивен 27 пораз по ред.

Кливленд Кавалирс имаа 26 последователни порази во сезоната 2010/11, а рекордот по вкупен број последователни порази од 28 порази по ред го држи Филаделфија, а неговата серија започна во сезоната 2014/2015 и продолжи во сезоната 2015/16.

Нетси ги предводеа Камерон Џонсон со 24 поени, Микел Бриџис со 21 поен и Кам Томас со 17 поени.

Во тимот на Детроит најефикасен беше Кејд Канингем со 41 поен, Бојан Богдановиќ постигна 23, а Џејлен Дарен запиша 12 поени и 15 скокови.

НБА лига, резултати –

Детроит – Бруклин 112:118
Вашингтон – Орландо 119:127
Чикаго – Атланта 118:113
Хјустон – Индијана 117:123
Њу Орлеанс – Мемфис 115:116 (по 1. продолжение)
Оклахома – Минесота 129:106
Сан Антонио – Јута 118:130
Портланд – Сакраменто 130:113
ЛА Клиперс – Шарлот 113:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот