ВИДЕО: Дерозан излезе од изолација и веднаш ги растури Лејкерси

Дерозан му донесе нова победа на Чикаго/ фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Демар Дерозан се врати на паркетите по двонеделната пауза поради корона протоколите и веднаш го растури ЛА Лејкерс. Дерозан во победата на Чикаго булс од 115:110 над ЛА Лејкерс постигна 38 поени, а голема помош имаше во Никола Вучевиќ кој имаше дабл-дабл од 19 поени и 13 скокови како и од Лонзо Бол кој на својот поранешен тим му даде 19 поени.

Сепак, Дерозан беше главна ѕвезда, тој при водство на Лејкерси од 109:110 во последната минута, постигна четири поени по ред и му донесе победа на својот тим.
Кај Лејкерси, најдобар беше Леброн Џејмс со 31 поен, Кармело Ентони даде 21, а Расел Вестбрук 20 поени.

Далас маверикс не може да победи без Лука Дончиќ, а во поразот од 111:105 од Минесота, може да одреден период да остане и без втората ѕвезда, Кристапс Порзингис кој заработи повреда на скочниот зглоб.


Најдобар кај Минесота беше Карл Ентони Таунс со 24 поени, додека Деанџело Расел додаде 22 поени. Кај Далас кој натпреварот го загуби во третата четвртина (25:17), Тим Хардавеј јуниор постигна 28 поени.

Портланд предводен од Демиен Лилард го совлада Мемфис со 105:100. Лилард беше најпрецизен со 32 постигнати поени, а одличен беше и Норман Паувел со 28 поени.


Резултати:
Детроит – Мајами 100:90
Мемфис – Портланд 100: 105
Сакраменто – Сан Антонио 121:114
Чикаго – ЛА Лејкерс 115:110
Минесота – Далас 111: 105
Феникс – Шарлот 137: 106

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот