ВИДЕО: Денвер подобар и од Њујорк, нов „трипл-дабл“ учинок на Никола Јокиќ

Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Денвер како домаќини го совладаа Њујорк со резултат 113:110 во натпреварот од НБА лигата.

Српскиот центар на Нагетси Никола Јокиќ повторно блескаше остварувајќи нов „трипл-дабл“ оваа сезона, вкупно 22 до сега.

Јокиќ реализираше 30 поени, 14 скокови и 11 асистенции, а поефикасен од него беше само Мајкл Портер Јуниор со 31 поен и осум скокови.

На спротивната страна за Никси прв стрелец беше Џејлен Брансон со 26 поени и девет асистенции.

На табелата во Западната конференција Денвер е на второто место (49-21), додека Њујорк е петтопласиран на Истокот (41-28).

НБА лига, резултати:

Орландо – Њу Орлеанс 121:106
Вашингтон – Сакраменто 109:102
Хјустон – Чикаго 127:117
Далас – Јута 113:97
Денвер – Њујорк 113:100
Феникс – Атланта 128:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот