ВИДЕО: Денвер нагетс реди победи во НБА лигата, нов „трипл-дабл“ на Никола Јокиќ

фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше нова маестрална вечер во НБА лигата, откако во четвртиот натпревар од почетокот на сезоната Денвер по четврти пат доведе до победа и со нов „трипл-дабл“ учинок.

Нагетси ја совладаа Јута со резултат 110:102 (31:21, 27:24, 22:24, 30:33) и ја продолжија победничката серија.

Јокиќ за 35 минути на паркетот запиша 27 поени, 10 скокови и 11 асистенции, како и две блокади. Погоди 12 од 16 од поле, а реализирше и две од пет слободни фрлања.

Иако кошаркарите на Јута одиграа подобро во вториот дел, Нагетс не им дозволија да се вратат во игра и покрај одличната партија на Лаури Марканен кој исто како и Јокиќ постигна 27 поени со 14 скока и пет асистенции.

Јокиќ имаше најголема помош од Арон Гордон, кој постигна 21 поен, со седум скока и две асистенции, како и од Џамал ​​Мареј, кој имаше „дабл-дабл“ учинок со 18 поени, три скока и 14 асистенции.

НБА лига, резултати

Шарлот – Бруклин 121:133
Индијана – Чикаго 105:112
Вашингтон – Бостон 107:126
Атланта – Минесота 127:113
Торонто – Портланд 91:99

Мемфис – Далас 110:125
Милвоки – Мајами 122:114
Њу Орлеанс – Голден Стејт 102:130
Оклахома – Детроит 124:112
Денвер – Јута 110:102
Л.А. Лејкерс – Орландо 106:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот