ВИДЕО | Дебакл на „карамелите“ во Бирмингем: Астон Вила убедлива против Евертон

фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Фудбалерите на Астон Вила го победија Евертон со 4:0 на домашен терен во Бирмингем, во второто коло од Премиер лигата.

Домашните поведоа во 18 минута со голот на Џон Мекгин, а Даглас Луиз во 24 од пенал го удвои водството.

Третиот гол го постигна Леон Бејли во 51 минута, а конечниот резултат го постави Џон Дуран во 75 минута.

По две кола Астон Вила е деветта на табелата со три бода, а Евертон е последен без бодови.

Во следното коло играчите на Унаи Емери ќе му гостуваат на Барнли, додека „карамелите“ ќе го пречекаат Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот