ВИДЕО | Д-р Петличковски: Не ми е јасно зошто народот не ги прифаќа вакцините, тие се одлично решение за излез од кризата

д-р Александар Петличковски / Фото: Скриншот, ТВ 24

Вакцините функционираат одлично во намалување на шансите за тешка болест. Потврдено е на милиони случаи, а потврдено е и кај нас. Околу 90% од починатите од ковид-19 кај нас во последните месец-два се невакцинирани, овој процент во светот е околу 99 и повеќе. Посериозн и поубедлив доказ од ова – не знам што би било, изјави д-р Александар Петличковски во своето гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а шансите вакциниран човек да почине се минимални. Доцна ги добивме вакцините, можеби не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините. Вакцините се одлично решение за излез од кризата, зошто народот не ги прифаќа – не ми е јасно. Систематска информираност на населението ни недостасува, за да фатиме чекор со другите земји каде веќе прогласуваат крај на пандемијата, вели д-р Петличковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот