ВИДЕО | Д-р Беќаровски: Прашање на ден е кога новата мутација на ковид-19 ќе стаса и кај нас

Доктор Нико Беќаровски/ Фото: Архива на Слободен печат

Ова не е официјално прва докажана мутација на ковид-19. Претходно имаше една таква врзана со Каталонија, па со Данска, така што ова е трета. За среќа претходните мутации покажаа дека се слични по карактеристиките со оригиналниот вирус. За последнава се смета дека има многу поголема контагиозност односно дека може во исто време да зарази поголем број на население. Се надевам дека процентите нема да се остварат, бидејќи уште еден нов бран навистина би бил премногу, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Нико Беќаровски.

-Факт е дека се уште нема јасна слика околу основниот вирус. Но, кога се прават вакцините тие генерално се прават да бидат групно специфични, да ја зафатат целата палета, така што искрено се надевам дека ќе делува на оваа мутација, инаку алтернативата би била минимум уште година дена да бидеме во вакви услови, вели Беќаровски и додава дека мутациите не се стриктно врзани за одреден регион.

-Секој вирус има тенденција да мутира. Грипот секоја година има разични мутации и не е нешто невообичаено или неочекувано. Оваа мутација не е останата само на британско тло. Има докажани слуаи и во Холандија. Голем дел од нашите иселеници доаѓаат во земјава за претстојните празници, значи прашање на ден е кога оваа мутација ќе стаса и кај нас, смета Беќаровски и додава дека мора да се размислува или за воведување на ПЦР тест или пак пет до десет дневен карантин на сите што доаѓаат.

Околу вакцинацијата д-р Беќаровски вели дека главен проблем ќе биде да се убеди населението да се вакцинира.

-Имаме голем дел од население кое не верува дека постои болеста, голем дел кој тврди дека се работи за труење и за жал голем број на луѓе кои мислат дека вакцинацијата е начин за да не чипираат, вели тој.

Целиот разговор со проф. д-р Беќаровски погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот