ВИДЕО: Црвен картон на Нејмар, сакаше физички да се пресмета со играч на Лил!

epa09002260 Neymar of Paris Saint Germain reacts during the Coupe de France round of 32 soccer match between SM Caen and PSG in Caen, north western France, 10 February 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Дербито во Франција помеѓу екипите на ПСЖ и Лил го одбележа инцидент во кој учествуваше ѕвездата на париските „светци“, Нејмар.

Парижаните загубија на домашен терен со 1:0, а фрустрацијата на тимот се виде преку потегот на бразилскиот напаѓач. Имаше повеќе удари и потврда игра на овој натпревар, што делумно го потврдува резултатот, а непосредно пред крајот на мечот, Нејмар заработи црвен картон.

Тоа беше само почеток на сцената подготвена од Бразилецот, кој во тунелот сакаше физички да се пресмета со португалскиот дефанзивец на противничкиот тим, Тиагу Џало.

Сè започна со жолт картон кој го доби Нејмар на почетокот од второто полувреме. Една бизарна ситуација доведе до вториот, Нејмар беше фаулиран, сакаше што побрзо да го изведе досудениот прекршок, но Тиагу Џало ја зеде топката со цел да „украде“ драгоцени секунди во периодот кога парижаните бркаа погодок, па Нејмар го оттурна Џало и заработи исклучување.

Црвен картон доби и Тиагу Џало, играчот Лила не издржа на провокациите, дури и го фати за врат, па имаше физички отпор, а потоа инцидентот продолжи во тунелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот