ВИДЕО: Црвена звезда е на чекор од одбрана на титулата

Никола Калиниќ ги водеше „црвено-белите“ до нов триумф над Партизан/Фото: ABA League j.t.d/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Црвена звезда поведоа против Партизан со 2:0 во финалето од плеј-офот на АБА лигата, откако победија со 85:81 (29:18, 18:22, 15:13, 23:28).

Белградските „црвено-бели“ ги предводеше Никола Калиниќ со 25 поени, по четири скока и четири асистенции, Лука Митровиќ постигна 14 поени (шест скока), а Никола Ивановиќ 12 поени.

Во тимот на Партизан најефикасен беше Алекса Аврамовиќ со 21 поен со четири украдени топки, Матијас Лесор постигна 18 поени (седум скока), Далас Мур 14 поени, а Зек Ледеј имаше 11 поени и запиша седум скока.

Третиот натпревар ќе се игра в среда од 20.30 часот, а домаќин ќе биде составот на Партизан.

Серијата се игра на три победи. Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од вториот меч во финалната серија:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот