ВИДЕО: Црна Гора е многу блиску да биде полуфиналист на Европското првенство

Црногорската репрезентативна голманка Марина Рајчиќ на ЕП 2022/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска во еден драматичен натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје женската ракометна репрезентација на Црна Гора со 35:34 ја совлада Романија во главната фаза и се најде на чекор од пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Само чудо може да ги спречи Црногорките да влезат во борбите за медал на континенталниот собир.

Сега останува за нив Франција да не загуби од Германија и официјално црногорските ракометарки бидат меѓу најдобрите четири репрезентации во Европа.

Итана Грбиќ
со осум голови и 12 асистенции имаше најголем придонес во денешниот триумф, а на спротивната страна девет погодоци запиша Кристина Неагу.

Во рамките од групата „2“ од 20.30 часот силите ќе ги одмерат селекциите на Франција и Германија. Табела: Франција 6 бодови (-1), Црна Гора 6, Шпанија 3, Холандија 3, Германија 2 (-1), Романија 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот