ВИДЕО: Чурлинов ја најави победата на Штутгарт против Цирих

Дарко Чурлинов од следната сезона ќе игра во англискиот Чемпионшип/Фото: instagram.com/churlinov7

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ова лето повторно е во дресот на Штутгарт со кој ќе настапува во Бундеслигата.

Штутгарт веќе ги започна подготовките за следната сезона, покрај тренинзите, ќе се темпира формата и преку одигрување пријателски натпревари.

Денеска составот на Пелегрино Матарацо славеше во контролниот меч против Цирих со конечен резултат 3:2.

Швајцарците водеа по првото полувреме со голот на Гнонто во 28 минута од средбата.

Чурлинов влезе на стартот од второто полувреме и покажа дека може да биде клучен играч во екипата на Штутгарт.

Најпрвин израмни на Ахамада во 68 минута, па во 69 минута за 2:1 се погрижи нашиот играч, а Ахамада го запиша и својот втор погодок 120 секунди подоцна. Конечниот епилог беше поставен во 79 минута кога поразот на Цирих го ублажи Аијегун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот