ВИДЕО: Чудо го спаси манастирот на Евија, пожарот го опколи, но не го запали

Фото: Screenshot/Facebook

Монасите од манастирот Свети Давид лоциран на опожарениот грчки остров Евија ниту пожарот не ги принуди да се евакуираат додека останатото население и туристите поради пламените јазици во северниот дел мораше да го напуштат островот со траекти.

Монасите не сакаа да го остават светилиштето иако огнот се приближуваше и буквално го опколи манастирот.

Старешината на ова православно светилиште рече за државната новинска агенција АНА-МПА дека ситуацијата е многу тешка и дека пламенот бил висок и до 40 метри и манастирот бил опколен од огнот што се гледа и од снимката објавен на Фејбук на грчки јазик.

Манастирот Свети Давид на Евија е спасен, огнот го заобиколи и остана недопрен. Со голема помош од монасите и пожарникарите, стои во објавата на Фејсбук.

Многумина се зачудени од фактот што манастирот и покрај разгорениот пожар и запалената шума околу него останал недопрен и изгледа како да запрел пред него.

Инаку, во пожарот изгореа паркираните автомобили околу црквата, дрвјата, растенијата, но ниту една манастирска зграда, односно не е оштетена од пожарот ниту една цигла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот