ВИДЕО | Човекот во кој пукаше раперот Блуфејс направи селфи среде судница откако обвинетиот доби условна казна

Фото Твитер принтскрин

Американскиот рапер Блуфејс, чие вистинско име е Џонатан Портер, доби условна казна од 12 до 30 месеци затвор, откако беше обвинет дека пукал кон Кентавиус Трејлор во октомври 2022 година.

За време на судењето, Трејлор извади телефон и направи селфи со осудениот рапер, снимка која стана вирална на социјалните мрежи.

Во судницата во округот Кларк, судијката Кетлин Делејни ја донесе пресудата речиси една година откако раперот беше вмешан во пукање на 8 октомври 2022 година.

За време на изрекувањето на пресудата, Трејлор ја критикуваше судијката и нејзиниот бранител. „Јас целосно ја изгубив вербата во правосудниот систем“, рече тој.

Во своите завршни коментари, Трејлор го обвини судот на округот Кларк дека му изрекол блага казна на раперот поради неговата репутација. „Познавам луѓе кои добија повеќе време за крадење гуми за џвакање“, додаде Трејлор, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот