ВИДЕО: Челси освои само бод против Брајтон на „Стемфорд Бриџ“

Лондонските „сини“ направија чекор назад во борбата за титулата во Премиер лигаѕа/Фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Денеска во рамките од 20. коло во Премиер лигата екипата на Челси на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Брајтон.

Лондонските „сини“ водеа после првото полувреме со голот на белгискиот интернационалец Лукаку во 28 минута.

Тоа е веќе втор гол за Лукаку во последните 73 минути во Премиер лигата, а интересен е податокот кој вели дека последнорангираниот Норич има само два погодоци на последните седум меча.

Играчите на менаџерот Томас Тухел не успеаја да ја задржат предноста, во самиот финиш од средбата на стадионот „Стемфорд Бриџ“ гостите израмнија преку Велбек (90+1`).

Ова е веќе трето реми за Челси на последните четири натпревари и направи уште еден чекор назад во борбата за титулата.

Во следното коло лондонскиот клуб го очекува голема дерби пресметка, во првиот меч од новата 2022 година на 2 јануари ќе го пречека Ливерпул. Брајтон е на 10 позиција со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот