ВИДЕО | Бурна реакција: Пит Дејвидсон бутнал обожавател кој сакал да го прегрне

Фото: Скриншот/Твитер

Комичарот Пит Дејвидсон ги изненади обожавателите, но и еден навивач на кошаркарскиот тим Њујорк Никс, со своето неодамнешно однесување.

Како што пишува „Њујорк пост“, поранешната ѕвезда на емисијата „Saturday Night Live“ бил меѓу бројните славни личности на Медисон Сквер Гарден, кои го следеле кошаркарскиот натпревар на тимовите Њујорк Никс и Кливленд Кавалирс.

На крајот, Дејвидсон одвоил малку време за да се фотографира со своите фанови. И додека тој комуницирал со нив, на една видеоснимка објавена на Твитер може да се забележи како маж во розова маица одненадеш му приоѓа на Дејвидсон, го гушка и го третира како близок пријател.

Сепак, на Дејвидсон не му се допаднало тоа однесување и го бутнал напорниот обожавател, очигледно инсистирајќи на тоа тој да се повлече.

Понатаму, тие размениле неколку зборови, навивачот тргнал по својот пат, а Дејвидсон продолжил да се фотографира со фановите по бурната реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот